23 Април 2024 - 21:24:08

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.04.2016 во 17:35:49

Почитувани Своевремено Ве замоливме за поставување на гусени шахти украдени за времето на поипуларниот откуп на старо железо од пред зграда бр.25 на бул.Јане Сандански, на паркингот пред зграда карши Мајчин дом. Експресно позитивно одговоривте со поставување на импровизирани заварени заменски шахти кои под притисок на возилата не издржаа долго. Попукаа и пак имаме дупки који се потенцијална опасност за сите учесници во сообраќајот пред здрадата. Најљубезно Ве молиме да на нивно место поставите гусени шахти а овие постоечките од варено железо да ги пак заварите и евентуално поставите на некое помалку фреквентно место. Тука мора да се гусени, по пропис. За жал, тука нема опција за да Ви се закачат слики од истите. Се надевам, ке имате разбирање за нашиот проблем и дека во најкус можен рок ке изнајдете решение за овој проблем.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

03.05.2016 во 10:00:51

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве замолуваат, за шахтата да се обратите до ЈП „Водовод и канализација“, бидејќи тие се надлежни за сите шахти во Градот Скопје, а истото ќе го сторат и тие. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by