23 Април 2024 - 22:57:39

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

31.05.2016 во 18:02:54

Почитувани, Во населбата Лисиче, дел од улицата Митре Влаот во близина на трговскиот (броеви 11, 13... слепа уличка) веќе долги години стои неасфалтирана. Ние како граѓани на општината уредно ги плаќаме сите комунални обврски и сметам дека е неодговорно и срамно од страна на општината што овој дел никогаш не е асфалтиран. 13 семејства сме приморани секојдневно да минуваме во кал пред своите домови, во една ваква урбанизирана и модерна општина. Молам за одговор дали се планира асфалтирање на овој дел од улицата Митре Влаот и доколку да, кога најскоро би можеле да го очекуваме истото. Срдечен поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

03.06.2016 во 14:19:56

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Согласно Планот и Програмата на ова одделение Ве известуваме дека за оваа година не постои можност за реализација на Вашето барање. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by