25 Април 2024 - 14:53:38

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.06.2016 во 14:29:29

- На потег од Бул.Трета Македонска Бригада кон ул.Венијамин Мачуковски се изврши раскоп на улицата пред околу два месеци и до ден денес улицата не е санирана. Освен фактот што ги уништуваме возилата поминувајки секојдевно по раскопаниот простор и безбедноста на возачите е нарушена. Ве молам за Ваш увид и санирање на улицата во најскоро време. - На местото каде што бевте сместени сега се гради огромен објект. Свесни сме сите дека мирот ќе ни биде нарушен додека траат градежните активности, дека ќе живееме во прашини и бучава но би сакала да потсетам дека според Закон за заштита од бучава не смеат да се превземаат активности што ќе го реметат мирот на граѓаните што живеат во околината пред 7 часот наутро. За жал овде се почнува со активности без разлика дали е работен ден или викенд веднаш по 6 часот. Се надевам дека ќе превземете нешто во врска со овие два случаи.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

11.07.2016 во 15:41:58

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by