04.07.2016 во 12:38:47
Дали е предвидено поставување на сообраќаен знак за забрана на паркирање на пристапен пат за влез во подземни гаражи на станбена зграда ул.Методија Шаторов - Шарло бр.23? Образложение: Овие денови завршува реконструкција на ул.Методија Шаторов - Шарло бр.23 (поранешна ул.Руди Чајавец), и се забележува нова вертикална сообраќајна сигнализација, но не и на новиот пристапен пат пред зграда бр.23. Од друга страна на овој пристапен пат за подземни гаражи на една од лентите за влез во подземни гаражи постојано има паркирани возила, поради што се доставува ова прашање и/или барање за поставување на соодветна вертикална сигнализација (сообраќаен знак) на пристапниот пат.
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато