25 Април 2024 - 23:59:21

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.07.2016 во 11:06:48

Почитувани, Ве молам, дали може да ме информирате доколку е во Ваша надлежност на кое место треба да се чуваат велосипеди во станбена зграда, во која нема планиран простор за чување велосипеди, а истовремено немате лично решение ( пр. тераса или гаража), за да го сместите велосипедот. Кој е одговорен да обезбеди алтернативно решение за проблемот? Известени сме преку соопштение од НО на зградата на ул. Методија Шаторов Шарло бр.10 доколку не ги отстраниме велосипедите од ходникот на приземје ( поради нарушување на движење, хигиена и изглед) дека на 23.07.2016 год. со акцијата за собирање кабаст отпад на Општина Аеродром велосипедите ќе ни бидат отстранети.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

22.07.2016 во 11:44:59

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека целиот простор на (во) зградата е во сопственост на сите станари на Заедницата на сопственици и затоа проблемот ќе морате да го решите на тоа ниво. Доколку имате дополнителни прашања можете да се обратите до нашиот инспектор за домување и да го контактирате на 2401-521. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by