19 Април 2024 - 07:52:37

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.08.2016 во 09:20:09

Почитувани, Пролазот помеѓу зградите број 17 и 19 на булевар Јане Сандански е многу темен и неосветлен. Тој пролаз го користат и станарите и од пониските згради и доста е фреквентен, но за жал многу е темен и навечер навистина е страшно да се поминува од тука. Го користат и стари и млади и поради тоа ве молам да се изнајде некакво решение слично како кај другите пролази, т.е да се осветли. Мислам дека тука порано имало осветлување но сега нема. За разлика од овој пролаз, пролазот помеѓу зградата број 13 и 15 е добро осветлен. Еве и Гугл Мапа од локацијата: https://www.google.mk/maps/@41.9873604,21.4638725,3a,75y,39.38h,90.23t/data=!3m6!1e1!3m4!1sESK8XpMCBVuzvwhP1M3-8Q!2e0!7i13312!8i6656?hl=en Ви благодарам, Филип

Статус: Одговорено
Тип на барање: Поправка на веќе постоечки линии за јавно осветлување

 
Одговор

18.08.2016 во 16:19:18

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за комунални работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by