25 Април 2024 - 09:01:15

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.09.2016 во 09:51:19

Во нашата станбена зграда на ул.Методија Шатроров - Шарло бр.23, некои сопственици своите станови ги издаваат под закуп на правни лица за стопанисување, без побарана или обезбедена претходна согласност на мнозинство од сите сопственици. Последен настан е од пред неколку дена кога во стан бр.15 започна со работа Центар за јазици “Спикабу“ за предшколски деца (од 3 до 5 години), без согласност на сопственици на станбена зграда. Неописиво е да се доживее зачестено влегување/излегување, гужва и бучава, користење на лифтови и скалила од страна на деца и нивни родители - како во школо а не станбена зграда. Ги молиме надлежните во Општината за помош и/или совет што да правиме или кои правата на останатите сопственици во ваков случај.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.09.2016 во 14:15:33

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека зградата е во сопственост на сите станари на Заедницата на сопственици и затоа проблемот ќе морате да го решите на тоа ниво. Доколку имате дополнителни прашања можете да се обратите до нашиот инспектор за домување и да го контактирате на 2401-521. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by