16 Октомври 2024 - 01:14:49

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Упатство и функционалност на системот

За решавање на вашите проблеми сега е доволен еден единствен телефонски повик, SMS порака или пристап до овој портал на Интернет. Целиот систем е осмислен за да Ви биде на услуга и како таков да ви стои на располагање 24 часа дневно. Тоа значи дека:

Повеќе неморате да се јавувате на телефон и да чекате некој да ви крене и да ве услужи и во меѓувреме безпотребно да потрошите многу време.

Во најкраток рок дежурните служби излегуваат на терен да ги решат проблемите.

Во рок од 48 саати ќе добиете одговор за статусот на решавање на Вашиот проблем.

Развојот на Системот ја зголемува позицијата на нашата локална самоуправа и така не става далеку пред останатите општини што нам ќе ни овозможи привлекување на инвестиции и отворање на нови работни места. Системот претставува еден од малкуте информациони системи во Европа со кој во рок од само 48 саати се решаваат проблеми на граѓаните. Тој служи за подобро управување со општината и квалитетна контрола со јавните установи (водовод, канализација...итн). Обединувајќи ја работата на сите јавни установи во општината Системот овозможува решавање на проблемите и барањата на граѓаните, располага со средства за нов, модерен и функционален начин заснован исклучиво на технички податоци. Овој Систем е многу лесен за употреба. Се што треба да направите е да изберете барање да ги внесете вашите лични податоци како и начинот на кој сакате да бидете известени за текот на барањето и неговото извршување. Подоцна, можете да го прегледате вашето барање и да видите дали неговото решавање е во тек. Доколку имате било каков проблем контактирајте го Call Centar –от на општината.

 

Архива

<< Октомври 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31    

Sponsored by

Developed by