31.08.2020 во 15:01:19
Почитувани, кај зградите на ул. Февруарски поход, тротоарот е во никаква состојба. Со бебешка количка не може да се движите по тротоарот и мора да се излегува на улицата каде има сообраќај и испопаркирани возила. Тротоарот е прилагоден за возилата кои влегуваат во своите гаражи, воопшто не е прилагоден за пешаци. Кога се движам со количка, од што е закосен тротоарот на повеќе места количката на неколку пати ќе ми се превртела со бебе внатре. Исто така канделабрите се ставени на средина, доколу некој се движи со количка за близнаци воопшто не може да помине. Барањето ми е доколу не може овој тротоар да се корегира, да се направи од спротивната страна тротоар. И тротоарите не може да завршуваат на улица мора да се следи патот на пешакот... На главната раскрсница тротоарот за накај зегин треба да се продолжи. Пешаците тука незгодно преминуваат улица.
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато