30 Декември 2024 - 18:14:52

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.09.2020 во 00:35:44

Во врска со одговорот што го добив од вас сум благодарен што сте услужни и брзи, но не навлагам и не сум стручен дали некој смеел или не да преградува и да става роло врати на свое отворено паркинг место испод зграда. Веројатно станарите што ставиле и што го затвориле своето гаражно место се консултирале некаде, тука има и станари архитекти и адвокати што извеле затворање на паркинг место, веројатно не го направиле на своја рака и не инвестирале пари за џабе за материјал и монтажа, претпоставувам прашале некаде. Пола зграда е со преградени паркинг места со роло врати, и во соседните згради е ист случај. Колку што кажуваа и на куќен совет, со лесен материјал можело да се преградува бидејќи е приватен паркинг, дали со гипс картон или со роло врата (подигни/спушти принцип на работа). Но не е тоа што сакав да прашам, мене ми е за штетата прашањето ако го прочитате добро проблемот.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Замена на оштетени плочки

 
Одговор

11.09.2020 во 10:09:30

Почитуван, добивте одговор од инспекциското одделение. Станарите бесправно ги заградиле паркинг-местата, што е казниво со закон. Не смее со ништо да се заградува бидејќи претставува опасност во случај на пожар. Според тоа, нема никаква смисла вашето прашање во поглед на штетата што сте ја претпеле, особено не од Општината. Се надевам дека сега е појасно. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Декември 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31      

Sponsored by

Developed by