19.07.2021 во 09:52:46
Почитувани, ул. Методија Шаторов Шарло станува улица по која се вози без прилагодена брзина. Во делот на новиот парк и детсктото игралиште си играат огромен број деца. Тој дел не е заштитен со заштитна ограда и многу често децата се доближуваат со точаци или трчајки до улицата. Мало невнимание ќе нарави голем проблем, пред се затоа што возилата возат многу брзо по оваа улица. Затоа, бараме од име на сите соседни згради, да се постават ЛЕЖЕЧИ ПОЛИЦАЈЦИ на 3 места долж улицата Методија Шаторов Шарло и со тоа да се усопрат возилата и превенираат несакани ситуации.
Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови пешачки патеки