20.07.2021 во 09:16:41
Почитувани, Ја користиме приликата да ја поздравиме вклученоста на О.Аеродром во средување на новиот парк на ул.Методија Шаторов Шарло. Досегашното уредеување е одлично. Меѓутоа, и покрај тоа што се работи за голема инвестиција, сепак е пропушен важен елемент а тоа е АВТОМАТИЗИРАН СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ. Во овин дел постои систем за наводнување и дополнително во зградата на Адора која е веднаш од спроти, г-дин Ванчо Чифлиганец ме има известено дека сами инвестирале и направиле Бунар со вградена и функационална пумпа која може да се користи и за наводнување на јавните површини околу. Ми спомна дека никој не ја користи истата од зградата. поради тоа, предлагам да ја разгледате информацијата и да се постави Автоматски систем за наводнување со цел да се заштити зеленилото. Наводнувањето кое го прави наутро човек со црево е застарен модел на одржување на зелени површини. Автоматските системи не се скапа инвестиции. Ве молам да се разгледа Предлогот и да се постави таков систем за наводнување. Од искуство, нашата зграда на ул. Методија Шаторов Шарло бр.11 има поставено околу цела зграда тавтоматски систем и можете да видите како изгледаат нашите зелени површини. Поздрав, С.Наковски
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато