02.02.2022 во 09:33:54
Почитувани, Во понеделникот ви пишав на порталот на граѓански сервис во врска уличните кучиња кои се повеќе ги има во општината, особено зачестија околу ул. Владимир Комаров 25, 27 и 29 што досега не се случувало, но ниту го објавивте ниту има некаква реакција. Ве молиме да превземете мерки, бидејќи навистина е проблем, што за нас што за домашните миленичиња, како и за хигиената. Пред некој ден се пуштија на една жена која го шеташе своет куче и едвај го одбрани и него и себе. Проблем станува и со фрлањето на смет, бидејќи се најчесто околу контејнерите, па дури превртуваат и корпи за отпадоци. Инаку кучињата немаат никакви маркици, а и да имаат не е нормално како глутница да шетаат по улици. Со почит
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато