30 Декември 2024 - 18:12:36

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

09.03.2022 во 11:16:32

Почитувани, Како жители на РЦ Аеродром ул 1612 и ул.1613 сакаме да укажеме на следните проблеми кои ги имаме пет години , а никој досега не пристапил кон решавање: По должина на улицата 1612 и ул.1613 има сообраќајни знаци кои не се по пропис поставени, односно истите се или откорнати од постаментот и фрлени во тревникот или се искривени или се несодветно висински поставени. Состојбата на паркинзите по должина на улицата 1612 и 1613 е катастрофална , последниве години ниту некој ги закројуваше дрворедите по тротоарите, ниту некој ја санираше бекатон патеката постојано се обраснати со трева, а за читење и метење не станува ни збор. уште при изведба на ул. новопроектирана која почнува од ТИНЕКС-ЛИСА центар до стопанска банка и до училиштето Александар Македонски сите шахти се де нивелирани, при што возачите избегнувајќи ги ја нарушуваат безбедноста на возилата од спротивен правец. Согласно најавата за изградба на ПАРК позади Станицата за технички преглед ПСС бараме и паркинг на дел од истиот новопредвиден парк, со оглед на тоа дека Зградата на Чифлиганец го има затворено партерот околу зградата со рампа. Ако се има во предвид дека во овој дел нема ниту зонско паркирање ниту партерно паркирање во двете згради на ТИМС инжинеринг позади тинекс лиса и претходно споменатата зграда на Чифлиганец состојбата за паркирање е АЛАРМАНТНА. Апелираме како жители на РЦ Аеродром систематски да превземете дејствија за решавање на горенаведените проблеми. Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

16.03.2022 во 10:54:30

Почитувани, во врска со сообраќајните знаци, бекатон патеката и шахтите, го известивме комуналното одделение. Ќе се направи увид од страна на лицата задолжени за овие проблеми со цел навремено решавање на ситуацијата и известување на фирмитеи со кои соработува Општината. Во врска со зонското паркирање, во тек е анкета на жителите од тој дел на Аеродром и во зависност од неа ќе се одлучи дали ке се воведе зонско паркирање.

Назад

 

Архива

<< Декември 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31      

Sponsored by

Developed by