18.04.2013 во 18:48:52
Моето јавување е поттикнато од пиењето вода на јавните чешми од домашни миленичиња кои ги носат сопствениците да пијат.Разбирам дека секој е жеден, но не може од исто место да пијат и животни (домашни миленичиња-кучиња) и луѓето кои ги користат јавните површини (како што се парковите меѓу зградите како и патеките на кејот на реката Вардар).Кога сме на оваа тема, ме интересира кој треба да води сметка, зашто се пуштени домашните миленичиња (како булдози,боксери,пит-були и слични)без никаквки заштитни средстав (како маска и ремен) да се шетаат слободно по јавните општински површини и да ги вршаат своите физиолошки потреби слободно на отворено без сопствениците да ги подигнат и одложат соодветно, како што се парковите и патеките на кејот покрај реката Вардар.Зар немате КОМУНАЛНИ или некој ДРУГИ ИНСПЕКТОРИ кои треба да водат сметка за оваа работа? Или пак, ние обичните граѓани треба да водиме полемики-расправии со сопствениците на овие домашни миленичиње (кои воглавном се млади и безобразни лица, а има и повозрасни). Следната тема за која би сакакл да добијам одговор е следнава, зашто возилата кои работат на изградбата на спортската сала Ј.Сандански пред да излезат од градежната лоакција-парцела не се мијат за да не ствараат несносна прашина која посебно се чувствува во паркот на фонтаните.Па граѓаните не можат без прашина да ги уживаат благодетите на паркот? ЗАШТО НЕ ГИ МИЈАТ ТОВАРНИТЕ КАМИЈОНИ ПРЕД ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ГРАДИЛИШТЕТО, КАКО ШТО СЕ ПРАВИ НАСЕКАДЕ ВО СВЕТОТ ??????: Во последно време слушам и самиот видов дека на неколку возила им се украдени тркалата и истите се оставени на паркинзите да стојат на трупци на паркинзите.Ме интересира што мисли општинската власт да превземе на оваа тема ? Посебно, кој е ставот на градоначалникот и претседателот на советот на општината на оваа тема? Зар самите граѓани треба да се заштитуваат од овие вандали-крадци со свои средства , или пак на предлог на општината полицијата ќе превземе соодветни активности ?Како на пример реонско целодневно патролирање на полицијата или пак ќе не принудите да ангажираме специјализирани фирми за оваков вид заштита? Пошто немам директен пристап за прашања до градоначалникот и претседателот на советот на општината ( како што е секаде во светот), би ве молел да ми одговорите во консултации со нив.
Статус: Одговорено
Тип на барање: Фонтана и чешмички за пиење вода