26 Април 2024 - 12:18:25

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

18.01.2017 во 15:18:09

Почитувани, во пошта бев информирана дека вие сте задолжени за улиците. Јас живеам на улица Методија Шаторов Шарло бр.6. Она што е проблематично е дека постои зграда со идентична адреса и број. И се работи за средната кула на 50-тина метри од нашата зграда. Тоа значи дека, јас и соседот Адем од соседната зграда мака мачиме со писма. Поштарот редовно остава писма за него кај мене и мои писма во другата зграда. Ова ви го цртам, зашто изгледа не ви е јасно колку е проблематично да имате две згради со ист број! Ве молам да преземете нешто најбрзо што можете. Јас и господин Адем не сме цимери, секој си има свој стан, што значи, секој треба да си има и своја адреса. Проблемов предолго останува нерешен, се надевам веднаш ќе постапите по него. Со почит, Сања.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

18.01.2017 во 16:44:34

Почитувани, за именување на улиците во општините во Град Скопје е надлежен Градот и Ве замолуваме да се обратите до тамошните служби за овој проблем. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by