27 Април 2024 - 06:23:37

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

13.03.2017 во 22:18:23

Почитувани, Ме интересира дали ке се направи некаква измена на решението за приклучување на Булевар 3 Македонска Бригада ул.1 кај Микробиологија. Сегашното решение е екстремно опасно без начин на безбедно приклучување на навата делница од булеварот, односно има решение само за исклучување а не и за проклучување на булеварот. Знам дека булеврот го гради градот меѓутоа вие како општина треба да ни обезбедите безбедно користење на патната инфраструктура а во случајов е направен голем превид или пак има неусогласување на тајмингот на двата субјекта. Како и да е ако не се најде итно решение ке мора да го ескалираме ова на повисоко ниво бидејки безбедноста ни е максимално загросена. За дополнителни информации може слободно да ме контактирате. Поздрав,

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

14.03.2017 во 10:04:14

Почитувани, сообраќајното решение на „Трета македонска бригада“ го обезбедува и одобрува Град Скопје. Пристапот до објектот мора сообраќајно да биде обезбеден, затоа Ве замолуваме да се обратите до Град Скопје, до Одделението за урбанизам и комунални работи. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by