27 Април 2024 - 00:34:11

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.03.2017 во 11:35:27

Здраво, ме интересира дали паркинг места означени за инвалиди, кои се во сопственост на инвеститорот на станбениот објект, може да бидат предмет на продажба?Би ве замолил и за инфо со кој закон или одредба е уредено ова прашање. Поздрав, Филип

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

20.03.2017 во 13:34:37

Почитувани, Согласно член 11 став 4 од Законот за градежното земјиште “Физички и правни лица сопственици на посебни делови од објект или објект кој е во етажна сопственост изграден на градежно земјиште во нивна сопственост востановуваат права и обврски на заедничка сопственост на градежното земјиште. Заедничката сопственост на градежно земјиште на повеќе лица вклучува право на заедничко наменско користење на земјиштето кое не може да се дели во рамките на градежна парцела, а се пренесува со правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно објектот“. Согласно член 11 став 5 од Законот за градежното земјиште “Во случаите кога физички и правни лица сопственици на посебни делови од објект или објект кој е во етажна сопственост го пренесуваат правото на сопственост на посебниот дел од објектот или делот од објектот, задолжително се пренесува и правото на заедничка сопственост на градежното земјиште на новиот сопственик на посебниот дел од објектот или делот од објектот“. Согласно член 96 од Законот за сопственост и други стварни права “Сопственикот на посебен дел од зграда има право по своја волја да го користи својот посебен дел од зградата и со него слободно да располага, како и со споредните делови кои му служат на неговиот дел од зградата (визба, гаража и слично)“. Согласно член 100 став 1 од Законот за сопственост и други стварни права “При отуѓување на гаража што се наоѓа во составот на зградата или на градежното земјиште што на зградата и служи како целина или само на некои делови од зградата, во случај кога отуѓувањето се врши одделно од отуѓувањето на станот, првенствено право на купување имаат сопствениците на становите како посебни делови од зградата, а по нив закупците на становите во истата зграда.“ Носителот на правото на градење е сопственик на секој посебно изграден дел од објектот во согласност со проектот и одобрението за градење, како и правното дело за регулирање на режимот на сопственост на идната градба (доколку има такво) и истиот слободно може да располага со истите во согласност со позитивните прописи. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by