26 Април 2024 - 21:35:33

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.03.2017 во 15:40:06

Бараме од страна на надлежните во Општина Ааеродорм да се изврши увид на самото место со проверка на квалитетот на изведбата во однос на подоложната нерамнина на сред на улица-пристапен пат пред станбената зграда ул.Методија Шаторов - Шарло бр.23 Образложение на барањето: Во Јули 2016 изведувани се завршни градежни работи на реконструкција на ул.Методија Шаторов - Шарло, и тоа пред станбена зграда бр.23. Од станарите е приметено дека првата половина од пристапниот пат е изведена веднаш со улицата, а втората половина од пристапниот пат (до влезо во подземна гаража на зградата) е изведена дополнително после неколку месеци. На местото на спојувањето на изведениот прв дел од пристапниот пат пред зграда и вториот дел од асфалтот е забележлива нерамнина (вдлабнина) во целата широчина на сред улицата. Поради неквалитетна изведба нерамнината на улицата предизвикува проблеми во движење на возила и во вдлабнината се задржува атмосферска вода, поради што и се доставува ова барање.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

27.03.2017 во 11:16:25

Почитувани, нашите служби се известени за вашето барање и оттаму ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by