08 Мај 2024 - 06:02:15

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

19.04.2017 во 22:13:55

Почитувани пред месец дена ви пишав во врска со гласната муазика и галамата што доаѓа од терасата на кафаната рулет клуб и не само што проблемот не го имате решено и кафаната си работи со полна пареа туку сега гледам дека не ми имате одговорено на граѓанскиот сервис. На што се должи ова прогледување низ прсти на дотичниот објект и игнорирање на сите поплаки на граѓаните кои живеат во локалните згради? Уште еднаш ве замолувам вашите надлежни служби да излезат на терен и да го решат проблемот. Благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

20.04.2017 во 11:06:02

Почитувани, сме Ви одговориле истиот ден кога сме ги добиле Вашите реакција и прашање. „24.03.2017 во 15:46:45 Почитувани, известени се инспекциските служби кои ќе извршат контрола во посочениот правен субјект. Инаку, инспекторите вршат редовни контроли на угостителските објекти. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар.“ Истовремено, Ве замолуваме да поднесете писмена пријава до Одделението за инспекциски работи. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by