26 Април 2024 - 05:11:38

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.04.2017 во 12:57:11

Почитувани, Пред зградата на ул. М. Ш. Шарло бр.23 има пропадната шахта - КРАТЕР, во која до сега животите ги изгубија 4 пневматици на 3 различни возила. Пристапот до подземната гаража и околниот паркинг е оневозможен, а движењето на пешаците е ограничено. Дупката претставува опасност по живот како за луѓето, така и по возилата. Децата секојдневни се изложени на животна опасност. Дупката најверојатно е настаната како резултат на несовесното работење на градежнта компанија Голден Арт која ја гради соседната зграда и ја користеше пристапната улица до гаражата како улица за дотур на градежни материјали и тука нон стоп поминуваа тонски шлепери и бетоњери, а движењето ни беше ограничено. Дополнително со пајак служба беа отстранувани паркираните возилата кои неможеа да пристап до гаражата. Бараме итно да се санира дупката пред да биде ДОЦНА! Со почит

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

25.04.2017 во 15:03:33

Почитувани, нашите служби излегоа на терен и по направениот увид констатираа дека шахтата е во сопственост на инвеститорот на објектот „Адора“, кои се известени да го отстранат дефектот. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by