26 Април 2024 - 02:19:25

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

02.10.2017 во 12:40:27

Барање за заштита од бучава. Ве молам да надлежните инспекциски служби излезат на терен, го испитаат случајот и превземат законски мерки за заштита на граѓани од штетна бучава од звоното на црквата Св.Илија во општина Аеродром (кај Поликлиника Ј.Сандански). Звоното на црквата Св.Илија постојано произведува штетна бучава во времетрање од 1 минута и повеќе, и тоа секој ден во 07:00, 08:00 и 17:00 часот. Звоното е извор на штетна бучава од причини што ги надминува граничните вредности и ги вознемирува граѓаните кои живеат и борават во објекти-простории во непосредна близина како на пр. простории за одмор на деца (градинка Срничка ул.К.Новаковиќ), спални соби во домот за стари лица и пензионери (Бисер-Аеродром), простории во болница (Поликлиника Ј.Сандански), простории во станбени објекти (на ул.К.Новаковиќ, ул.Ангел Димовски и ул.М.Ш.-Шарло бр.23). Замолувам да биде известена и Комисија за заштита на животната средина на Општина Аеродром за овој проблем со бучава и превземе активности од својата надлежност. Благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

02.10.2017 во 15:06:12

Почитувани, Вашата реакција е пренесена до надлежните служби. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by