26 Април 2024 - 21:35:44

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.04.2018 во 08:11:33

Почитувани, би сакала до Вашата служба да пријавам недозволено и незаконско заградување на простор околу зграда кој е во заедничка сопственост на сите станари, од страна на сопственик на стан на приземје. Имено се работи за зграда на ул.Методија Шаторов Шарло бр.21, Парцела бр.762/8, Кат.Општина : Кисела Бода 2. Просторот е заграден со метална ограда висока приближно 1,5м и истиот е затворен и недостапен за користење од страна на сите станари. Сопственикот на стан на приземје преку изградени скали ( диво градба) од својот балкон го користи заградениот простор како сопствен приватен двор. Согласно моите сознанија, од Инвеститорот на зградата постои Проект за поставување на ограда околу парцелата на зградата, меѓутоа изведеното на терен не соодвествува на Проектот за кое е добиено дозвола за градба. Исто така сакам да нагласам дека со самото тоа е намалена прегледноста, односно безбедноста во сообраќајот како и е нарушен пристапот до и околу самата зграда. Согласно укажаното Ве замолувам одговорно лице да излезе и да изврши увид на лице место, односно да се постапи согласно законските одредби и да се изврши отстранување на оградата за која не постои дозвола за градба. Ве очекувам да ме исконтактирате преку е-маил Однапред Ви благодарам ! Срдечен поздрав,

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

12.04.2018 во 14:45:26

Почитувани, нашите надлежни служби излегоа на терен и констатираа дека не станува збор за ограда - помошна градба, туку за жардиниери со цвеќе во висина од 60 сантиметри. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by