Одговор
17.04.2018 во 08:21:29
Почитувани, Општината доделува парична помош за секое новороденче, доколку и двајцата родители се жители на општина Аеродром. Потребно е да поднесете барање во канцеларија бр.19 на втори кат. Потребниот формулар можете да го најдете на следниот линк http://www.aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari. Освен пополнетиот формулар, на увид треба да донесете оригинал лични карти од родителите, извод од новороденчето, извод на венчани и трансакциска сметка. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар
Назад