26 Април 2024 - 16:52:02

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

28.05.2018 во 09:01:18

Почитувани, на ул.Петар Ацев бр.26/2, во ходниците, скалите и пред самиот влез скоро 2 месеца се трупа шут и градежен отпад од становите бр. 3 и бр. 10. Станарите од овие станови вршат градежни работи во своите станови без потребна дозвола, оставаат шут во зеднички простории, максимално ја нарушуваат хигиената во влезот, ја оштетија влезната врата од зградата поради што животни влегуваат во зградата (а од вчера има и умрено животно во зградата поради што има неподнослива реа во цела зграда), и го претоваруваа лифтот со шут и градежни материјали поради што истиот сега често се заглавува. Ве молам ВЕДНАШ-ДЕНЕСКА да излезете на посочената адреса, да ја документирате состојбата, парично да ги санкционирате неодговорните станари, да ги принудите да го отстранат шутот, да го исчистат влезот на свој трошок и да го поправат лифтот на свој трошок. Повелете покажете дека сте сервис за граѓаните и одговорно и неселективно си ја вршите својата работа.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

28.05.2018 во 09:11:25

Почитувани, Заедницата на сопственици е надлежна за ова прашање. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by