26 Април 2024 - 22:48:14

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.02.2019 во 22:39:30

Почитувани, По втор пат ви пишувам да ве прашам за условите за покренување на постапка за референдум на локално ниво за прашања во надлежност на општината. Која е постапката дали има пропишани документи во општината кои треба да се пополнат, или иницијативата за референдум ја доставуваме само со потпис на 100 граѓани. Сакам да покренам иницијатива за изградба на основно училиште и градинка.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

13.02.2019 во 10:40:34

Начинот на учество на граѓаните во одлучувањето во општините и постапката за референдум е пропишана во Законот за локална самоуправа и Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, за што во прилог е извадок од Законот. Напомена : изградбата на основни училишта и градинки на подрачје на ОА, е надлежност на центарлната власт – Министерство за образование и Министерство за труд и социјана политика и истата се споведува како соработка на едниците на локална самоуправа и надлежните министерства. За детални информации околу постапката за планирање и реализација на проект за изградба на училишта и градинки во општина Аеродром, поребно е да се консултира надлежниот сектор за образование, спорт, култура и заштита и Секторот за урбанизам. -Извадок од Закон за локална самоуправа: IV. НЕПОСРЕДНО УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО ВО ОПШТИНИТЕ Член 25 Облици на учество на граѓаните (1) Граѓаните непосредно учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење преку граѓанска иницијатива, собири на граѓаните и референдум, на начин и постапка утврдени со закон. (2) Трошоците за спроведување на непосредното учество на граѓаните во одлучувањето паѓаат на товар на општинскиот буџет. Член 26 Граѓанска иницијатива (1) Граѓаните имаат право да му предложат на советот да донесе одреден акт или да реши одредено прашање од неговата надлежност. (2) Граѓанска иницијатива не може да се поднесе за кадровски и финансиски прашања. (3) За предлогот од ставот (1) на овој член, советот е должен да расправа ако го поддржат најмалку 10% од избирачите на општината, односно на месната самоуправа на која се однесува определеното прашање. (4) Расправата од ставот (3) на овој член, советот е должен да ја одржи најдоцна во рок од 90 дена по доставената иницијатива и да ги информира граѓаните за својата одлука. Член 27 Собир на граѓани (1) Собир на граѓани може да се свика за подрачјето на целата општина или за подрачјето на месната самоуправа. (2) Собирот на граѓани го свикува градоначалникот на општината по сопствена иницијатива, на барање на советот или на барање од најмалку 10% од избирачите на општината, односно на месната самоуправа на која се однесува определеното прашање. (3) Органите на општината се должни во рок од 90 дена да ги разгледаат заклучоците донесени на собирот на граѓаните и да ги земат предвид при одлучувањето и донесувањето мерки по прашањата на кои се однесуваат, како и да ги информираат граѓаните за своите одлуки. Член 28 Референдум (1) Граѓаните преку референдум можат да одлучуваат за прашањата од надлежност на општината, како и за други прашања од локално значење. (2) Советот е должен да распише референдум на барање од најмалку 20% од избирачите на општината. (3) Советот може да распише референдум за прашања од негова надлежност, по сопствена иницијатива. (4) Одлуката донесена на референдумот е задолжителна за советот. -ИЗВАДОК ОД ЗАКОНОТ ЗА РЕФЕРЕНДУМ И ДРУГИ ОБЛИЦИ НА НЕПОСРЕДНО ИЗЈАСНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ 3. Референдум на локално ниво Член 36 (1) Референдум на локално ниво распишува советот на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје (во натамошниот текст: советот), по сопствена иницијатива и на предлог од најмалку 20% од граѓаните од општината, градот Скопје и општините во градот Скопје. (2) Советот може да распише референдум на локално ниво за прашања од негова надлежност за кои со закон е овластен да одлучува. Член 37 (1) Одлуката за распишување на референдум на локално ниво се објавува во службеното гласило на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје и преку средствата за јавно информирање на начин утврден со статутот. (2) Од денот на објавувањето на одлуката за распишување на референдум во службеното гласило на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје до денот на одржувањето на референдумот на локално ниво не можат да поминат помалку од 25 ниту повеќе од 40 дена. Член 38 Референдум на локално ниво може да се распише за донесување пропис, за прашања што треба да се уредат во општината, градот Скопје и општините во градот Скопје (претходен референдум) или за преоценување на пропис што претходно е донесен (дополнителен референдум). Член 39 (1) Претходен референдум на локално ниво може да се распише за: - определено прашање што треба да се уреди со пропис и - уредување на определено прашање што не е уредено со пропис. (2) Дополнителен референдум може да се распише за преоценување на пропис што предходно е донесен. Член 40 (1) Референдум на локално ниво не може да се распише за прашања што се однесуваат на буџетот и завршната сметка на буџетот на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје и за организацијата на општинската администрација. (2) Референдум на локално ниво не може да се распише за прашања за кои советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на советот при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на советот кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинско население во општината, градот Скопје и општините во градот Скопје. Член 41 (1) Одлуките на референдум на локално ниво се сметаат за донесени ако за нив гласале мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список за општината, градот Скопје и општините во градот Скопје каде што се спроведува референдумот. (2) Советот на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, е должен во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите од референдумот да го уреди прашањето, по кое се одлучувало на референдумот во согласност со резултатите од референдумот. 4. Органи за спроведување на референдум на локално ниво Член 42 Органи за спроведување на референдум на локално ниво се: - општински изборни комисии и Изборната комисија на градот Скопје за спроведување на локални избори (изборна комисија) и - избирачките одбори. Член 43 (1) Изборната комисија: - се грижи за законито подготвување и спроведување на референдумот на локално ниво; - ги именува претседателот, членовите и нивните заменици на избирачките одбори; - ја усогласува работата и им дава упатства на избирачките одбори; - презема технички подготовки за спроведување на референдум на локално ниво; - ги пропишува обрасците за спроведување на референдум на локално ниво и ги објавува во службеното гласило на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје; - ја утврдува формата, големината, бојата и сериските броеви на гласачките ливчиња; - ги предава и прима гласачките материјали на и од избирачките одбори; - определува единствени стандарди за гласачкиот материјал; - ги информира граѓаните за начинот и техниката на гласањето и за остварување на избирачкото право; - го определува начинот на чување и ракување со гласачкиот материјал; - го организира печатењето на гласачкиот материјал; - го утврдува надоместокот на органите за спроведување на референдум на локално ниво и поднесува финансиски извештај до советот за спроведениот референдум на локално ниво; - го утврдува и објавува резултатот од референдумот на локално ниво во рок од два дена од денот на неговото одржување; - одлучува по приговори и - врши и други работи утврдени со закон. (2) Работата на изборната комисија е јавна. Член 44 (1) Избирачките одбори се формираат најдоцна пет дена пред денот предвиден за одржување на референдум на локално ниво. (2) За составот и надлежноста на избирачките одбори при спроведување на референдум на локално ниво соодветно се применуваат одредбите од членовите 34 и 35 на овој закон

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by