27 Април 2024 - 03:07:02

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.02.2019 во 09:19:06

Почитувани, помеѓу паркингот на поштата која е во склоп на железничката станица и кулите на улица Бојмија и Неоком, како и кај паркингот на влезот на автобуската има земени простори во кои има и малку деградирана трева и ниту едно дрво. Луѓето овие места ги користат за фрлање на ѓубре, а дури и паркираат на нив. Ова е влез во општина Аеродром и влез во Скопје во делот кај автобуската и оставаат многу грда слика. Не се работи за големи површини и сметам дека општината треба на истите да ја обнови тревата, да посади дрвца и да постави канти за одпадоци и клупи. Верувам дека ќе ја прифатите оваа идеја и дека со мала инвестиција и труд ќе се направат катчиња кои ќе бидат огледало за општината за секој кој ќе влегува во неа. Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

04.03.2019 во 10:57:41

Почитуван Кирил, секако дека ја прифаќаме вашата иницијатива за поубав Аердром. Моментално во тек е избор на фирма за чистење на нечистотии и диви депонии, кои прво ќе го расчистат теренот, а постоа ќе изнајдеме хортикултурно решение за овој дел од општината. Ви благодариме!

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by