24 Април 2024 - 21:48:42

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.03.2019 во 14:27:41

Паркингот за кулите 4 и 6 на ул. Методија Шаторов Шарло или Руди Чајевац по старо е постојано зафатен. Имено кулата бр. 8 на својот паркинг си постави рампа, а нашиот паркинг се користи за паркирање на возила од поширокиот регион: новите згради , мајстори кои работат на околните градилишта како и гости на елитниот ресторан Еквилибриум - кој нема обезбедено паркинг ниту за едно возило . Ние станарите на овие две кули последниве 6 месеци континуирано сме приморани да се паркираме на тротоар -и по околните паркинзи затоа што на нашиот паркинг имаме постојано **гости **. Ве молам за објаснување или појаснување дали ние како станари на тие две кули имаме предност за користење на паркингот пред нашите згради, дали тоа право смее да се *обезбеди* со поставување рампа . Наназад веќе години сме изложени на неснослива прашина, бука во секое време од градежните активности на околните градилишта кои работат нон- стоп, празници, викенди-како врв е проблемот со паркингот. Се надевам дека бев јасна во изложувањето на проблемот. Ве молам за совет

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.04.2019 во 11:26:21

Почитувана Ирена, испратете официјално барање до Комуналното одделение на Општина Аеродром преку Архива, во кој ќе наведете дека сте заинтересирани за поставување рампа пред паркингот на зградата. Секако, претходно треба да имате дозвола од останатите станари. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by