23 Април 2024 - 18:50:45

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

09.05.2019 во 16:39:40

Почитувани, благодариме за вашиот одговор, иако воопшто не сме задоволни од одговорот кој ни го дадовте, но сепак благодариме. Очекувавме повеќе од вас во смисла на иницијативност и работа по нашето укажување кое е со најдобри намери и во интерес на сите локални аеродромски спортски ентузијасти, дека ќе пратите екипа на терен да отиде да ја погледне ситуацијата со кошот зад воената кула В на ул.Руди Чајавец 4, поставен на сред паркинг и кој не се користи со години, како и тој зад зградата на Адора на Шарло 8, двата се здрави, но нефункционални, а би можеле да се преместат на блиското игралиште во ОУ Блаже Конески каде што има повеќе од доволен простор и би се добила убава целина за спорт и рекреација. Од кои куќни совети да бараме печати за да ви доставиме барање, зошто сме должни ние сега да бараме куќни совети по згради, нели е овој Граѓански сервис алатка за директна комуникација со општината. Велите ќе се заменат мрежите на кошевите, не е тоа предмет на барање, барањето е дислокација на двата нефункционални а здрави коша за да се стават во функција и баравме санација и монтажа на обрачи на постоечките 2 коша на игралиштето во ОУ Блаже Конески кои се оштетени.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Детски и спортски игралишта (кошарка, ракомет, мал фудбал)

 
Одговор

10.05.2019 во 10:17:40

Почитуван, ќе ви излеземе во пресрет, но мора да ја запазиме процедурата. На ист начин со печат или потпис од куќен совет било доставено барање за поставување на кошот. На ист начин треба да се тргне. Напишете барање со потпис само од вашата зграда и доставете го до Општината.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by