27 Април 2024 - 01:50:28

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

05.06.2019 во 23:11:24

Почитувани, на 13 Мај Ви го пријавив следниов проблем: „Почитувани, Ве молам за Ваш ангажман за поправка (веројатно замена на сијалица) на паркинг просторот позади Јане Сандански 78 (Bulevard Jane Sandanski 88, 1000 Skopje, Macedonia Latitude: 41.982399 | Longitude: 21.464469). Благодарам.“ Вие ми одговоривте дека: „Одговор, 16.05.2019 во 11:37:12, Напревени се неколку обиди за смена на светилките, но поради немање пристап од паркираните возила, не е извршена замената. Нашите служби повторно ќе се обидат. Поздрав.“ Почитувани, во меѓувреме на истиот паркинг простор се расипа осветлувањето на уште една бандера. Ве молам да преземете нешто. Наутро помеѓу 09:00 и 12:00 наведениот паркинг е скоро празен и нема многу паркирани возила. А можеби можете да ги искористите службениците од паркинг службата да зачуваат слободен простор додека се изврши поправката. Благодарам!

Статус: Одговорено
Тип на барање: Поправка на веќе постоечки линии за јавно осветлување

 
Одговор

06.06.2019 во 10:28:21

Почитуван, светилката на паркинг-просторот зад Јане Сандански 78 е веќе замената, а за другата што ја посочивте, ќе биде заменета деновиве. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by