31 Март 2020 - 11:45:15

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

07.07.2019 во 11:36:32

Веќе подолг период повеќе од 1.5 месеци сме спречени да пристапиме кон приватни купени гаражи на ул.Пандил Шишков бр.3 зграда на Дабар во стар Аеродром поради градежни активности токму пред зградата. Од таа причина сме принудени да ги оставаме автомобилите на тротоари, улици во близина и притоа плаќаме казни, односно автомобилите се отстрануваат од пајак службата. Итно најитно Ве молам да излезете на терен и да најдете решение за да си го користиме правото на сопственост и пристап до приватен имот, а пајак службите да не оперираат во период додека траат овие активности

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

08.07.2019 во 10:38:53

Почитувана Мартина, го разбираме вашиот проблем и проблемот на сите станари на „Пандил Шишков“. Надминати се проблемите што настанаа при изведувањето на градежните работи и се интензивираат активностите. Многу брзо ќе биде завршена улицата. Што се однесува до пајак-службата, таа не е активирана по пријава на Општината, туку по некој од станарите. Општина Аеродром ќе реагира до „Градски паркинг“ за толеранција додека траат градежните активности. Ви благодариме за разбирањето!

Назад

 

Архива

<< Март 2020 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31      

Sponsored by

Developed by