28 Март 2024 - 18:52:05

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.07.2019 во 16:03:32

Почитувани, Очекувам одговор оклу проблемот со паркирање на улицата Милан Зечар, Вангел Тодоровски, Пандил Шишков. Се направија толку висококатници во околината и потполно се уништи зеленилото во овој дел. Капак на се сега се паркираните возила на улици, тротоари. Уште на тераси се немаат паркирано. Зимата за запалено аспираторче во тоалет на комшија неможеше пожарна да влезе. Воведете зонско паркирање. За тие 5-6 згради што беа затекнати без подземен паркинг дозволете бесплатно паркирање. За сите сопственици на возила кои живеат во зграда каде има подземен паркинг плаќање. Ако со ДУП е планирано подземно паркирање нека се паркираат, а не по улици и тротоари да отежнуваат собраќај. Гаражите стојат празни, сите коли на улица. И вака веќе 5 години. Ако ми пишете дека општината нема ингеренции воопшто не ми одговарајте. Поздрав, Бобан

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

11.07.2019 во 09:41:57

Почитуван Бобан, многу добро ни е познат проблемот со паркирањето на посочените улици. Самите инвеститори при продажбата на становите ги нудат и подземните гаражи на две нивоа, но дел од купувачите избираат да не ги купат. Од тие причини се јавува проблемот со паркирањето. Работиме на изнаоѓање решение за овој хаос во паркирањето заедно со Градски паркинг. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by