24 Април 2024 - 08:52:22

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

12.08.2019 во 12:28:25

Почитувани, трет пат ви пишувам за осветлувањето на игралиштето во ОУ Блаже Конески, а има и неколку други граѓани кои ви пишуваат за истиов проблем 2 месеци наназад. Последниот ваш полуодговор е: „Причината за неработењето на рефлекторите е кршењето на орманчето за вклучување струја, и тоа во неколку наврати од страна на несовесни граѓани. Од тие причини ЕВН одлучи да не ги вклучува рефлекторите за да се избегне некаков спој. Општината реагираше неколку пати. Поздрав“. На 07 август повторно ви пратив коментар-одговор преку граѓанскиот сервис, но чудесно пораката ја нема на порталот, веројатно поради „техничка грешка“, или баш во тој момент се вршело „техничко одржување на порталот“, или ... Како и да е, не ме мрзи повторно да ви напишам: Браво за ЕВН што ја исклучи струјата за да не дојде до повреда или жртва. Ама во вашиот одговор не гледам дека барате или нудите решение на проблемот. Дали постоечката ситуација значи дека игралиштето трајно нема да биде функционално во вечерните часови?!? Како граѓански сервис од вас очекувам: - Да ги најдете децата/ родителите на децата или лицата кои го вандализираат игралиштето, спортските реквизити и електрична инсталација, да бидат соодветно казнети и да ја надоместат направената штета. Училиштето плаќа агенција за обезбедување, и тие нека си ја завршат работата да спречат вандализирање и да помогнат во наоѓање на сторителите; - Орманчето за струја физички да го обезбедите со метален кафез или друго соодветно и трајно решение; - За вклучување и исклучување на рефлекторите да се инсталира светлосен сензор и тајмер, па во зависност од должината на денот и годишното време и температури да се предефинираат зимски и летен тајминг кога рефлекторите би работеле (предлог: есен-зима 16:00-21:00, пролет-лето 19:00-01:00). На овој начин игралиштето ќе биде осветлено кога е потребно, нема да се троши непотребно струја, и самите рефлектори ќе траат подолго. Можеби ова не се најдобрите решенија, но секако се решенија кои овозможуваат на сите деца и граѓани да го користат наменски игралиштето во ОУ Блаже Конески во вечерните часови, посебно сред лето кога заради температурите не ни може да се спортува на игралиштето преку ден. Бидете конструктивни и решете го проблемот со осветлувањето на игралиштето во ОУ Блаже Конески! П.С. Има многу барања на Граѓански сервис да се поправат и оспособат кошевите/ обрачите во ОУ Блаже Конески, па ако веќе правите, направете го и тоа.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Детски и спортски игралишта (кошарка, ракомет, мал фудбал)

 
Одговор

13.08.2019 во 09:11:03

Почитуван Ненад, ќе се потрудиме да изнајдеме решение во кооординација со ЕВН и училиштето. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by