16 Април 2024 - 09:20:49

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

01.09.2019 во 12:55:11

Почитувани, Поради тоа што започнува школската година како жител на зградата бр.7 на ул. Методија Шаторов, барам на тротоарот од зградата бр.5А до зградата што се гради Порта да поставите столбчиња на тротоарот затоа што на истиот се паркираат коли и пешаците (деца, мајки со колички) се приморани да се симнат на улицата каде се движат коли и камиони и каде има голем сообракај кон центар и може да дојде до несакани последици. Ова го барам со цел да не дојде до човечки жртви и после тоа е доцна секоја превземена мерка. Доколку нмемате можност да ги поставите барам во координација со МВР да се казнуваат несовесните возачи затоа што истата улица е во ваша надлежност. Градоначалник слободно излезете од канцеларијата и пројдете по улицата, насабајле и навечер да видите што се случува на посочената локација, за тоа сме ве избрале да се грижите за нашата безбедност. Се ближат избори ако не превземете нешто не рачунајте на гласови од нас. Исто така, и контенерите што се поставени на улицата сметаат на нормалното одвивањ на сообраќајот и потребно е истите да се дислоцираат на соодветна локација.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови заштитни П-огради

 
Одговор

23.09.2019 во 10:05:19

Почитуван Владимир, се извинуваме што доцна ви одговараме на вашето прашање. Ќе ги имаме предвид сите забелешки и предлози што ни ги дадовте. Ви благодариме. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by