24 Април 2024 - 10:34:43

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

19.09.2019 во 13:44:22

Почитувани, Ликот на Стар Аеродром е комплетно променет. На место на воените бараки никнаа висококатни објекти. Се ревитализираа улиците и тротоарите (и повторно се уништија од тековните градежни активности). Она што остана непроменето се контејнерите. Сеуште во 2019-та година имаме контејнери кои зафаќаат дел од улиците, пречат во одвивање на сообраќајот, од кои се шири непријатна миризба итн... Зарем е толку тешко да се изнајде и примени решение за отпад во 2019-та година, па сеуште се применуваат решенија од пред неколку децении кои се тотално несоодветни за годината во која живееме? Дури не мора ни да се бара ново решение, туку може да се примени позитивно искуство од некоја европска или светска метропола, на пример Љубљана. Ве молам за коментар на посочениот проблем. Исто Ве молам да се воздржите со коментари од типот на контејнерите со во надлежност на Комунална Хигиена. Граѓаните на Општина Аеродром, во случајот жителите на Стар Аеродром, како примерни даночни обврзници, очекуваат Општината во соработка со сите надлежни институции да обезбеди услови за живеење соодветни на годината во која живееме. Ви благодарам многу.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.09.2019 во 09:10:30

Почитуван Илија, ви благодариме за сугестиите и ќе настојуваме да го решиме трајно овој проблем, секако во координација со Град Скопје и со ЈП „Комунална хигиена“. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by