28 Март 2024 - 20:26:11

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

18.07.2020 во 18:06:04

Почитувани, Живеам на ул. Методија Шаторов Шарло бр.10. Општината пред нашите згради направи прекрасно детско игралиште. И не само тоа, во блиската околина има и други игралишта каде децата може да играат. Но и покрај тоа ние имаме проблем со децата од соседната зграда кои наместо да го користат игралиштето доаѓаат под балкон викајќи, возејќи тротинети, велосипеди, ролери, скиборди, фрлаат со топки, кинат борови, газат трева. Тоа не го прават пред нивната зграда зошто не им е дозволено од станарите кои веднаш реагираат, ниту позади нивната зграда која е оградена. Повеќе пати укажував на родителите да го користат игралиштето или друго место кое е определено за децата да си играат, но поедини родители и понатаму продолжуваат исто да постапуваат. Времето за одмор не се почитува, од нив неможеме да одмориме. Неподносливо е. Прашањето ми е кој може да ми помогне каде да се обратам. Однапред благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

20.07.2020 во 09:22:26

Почитувана Жаклина, Го арзбираме вашиот проблем, но општината нема механизам како да го спречи тоа. За одржување на јавниот ред и мир е надлежна полицијата. Со почит

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by