27 Јули 2024 - 01:52:14

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.09.2020 во 11:25:24

Прашање до општината - оштетување Се работи за релативно нов станбен објект на Руди Чајевац со гаражни места од отворен тип испод објектот за станарите. Бидејќи нема посебни подруми за станарите за оставање на ствари, на куќен совет се согласија кој сака да си го огради паркингот со лесен материјал како гипс картон или со роло врати, односно да не се оградуваат со тврда градба туку само со лесен материјал. Тоа заради да нема проблем со општинскиот градежен инспектор Борис и секој на свое место да си ги остава стварите и така голем дел од станарите изведоа затворање на своите гаражни места со гипс картон странично и претежно роло или автоматик врати. Проблем се јави кај моето место бидејќи соседот до моето паркинг место кој прегради странично со гипс картон и со фирмата што му вршење монтажа на роло вратата централно која се допира плафонски со цевка за одвод веројатно при штрафење или монтажа на роло вратата кај неговото паркинг место ја подзакачил цевката за одвод на вода и има пукнатина. Кај мене има влага и поготово при дожд сета вода оди во моето место. Фирмата што го оградувала паркинг местото на соседот не признава штета, соседот не, пријавив и во куќниот совет, и во фирмата што ја одржава зградата, прашав и во МВР, никој не е надлежен. Па кој е надлежен? Се консултирав со адвокат, испаѓа дека и општината сноси одговорност. Ве молам за одговор.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Замена на оштетени плочки

 
Одговор

07.09.2020 во 14:35:03

Почитуван, секое оградување на паркинг-местата во гаражите е бесправно и казниво со закон. Во случајот не само што општината не сноси одговорност туку може да изрече и казна на сите што го злоупотребиле просторот, оградувајќи го со гипс-картон.Поздрав

Назад

 

Архива

<< Јули 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31     

Sponsored by

Developed by