25 Април 2024 - 21:34:01

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

17.11.2020 во 08:26:26

Почитувани, Дали има можност некако да се реши пристапот од зградите до паркинг просторот низ Аеродром (проблем низ цела населба со децении без решение од никого ) , иако тој дел од паркингот е обележан со ( Х ) многу возила не го почитуваат истиот знак , се паркираат над самото обележје , на самиот пристап до зградите и со тоа нема никаков пристап до влезовите на зградите за интервентни возила на брза помош , возило на противпожарна , родители со колички за бебиња , со велосипед... во сите ситуации пристапот е оневозможен , отежнат ... да се постави централно врз знаците столпче кое ке ги одврати тие што сакаат да паркираат на тој простор , ке има можност да пристапат интервентни возила и ке имаат слободен пристап граѓаните до своите домови или некои други решенија а ги има безброј ... Благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

17.11.2020 во 09:31:43

Почитуван, точно е дека овој проблем се провлекува со години. Барањата на граѓаните се различни: од барање за поставување столпчиња до нивно отстранување токму на посочените места. Многупати сме реагирале по пријава на граѓаните. Во ова време на пандемија, се согласуваме дека пристапите треба да се ослбодат. Ќе ги преземеме сите мерки да го решиме овој проблем. Ви благодариме!

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by