27 Јули 2024 - 15:07:24

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.07.2021 во 09:16:41

Почитувани, Ја користиме приликата да ја поздравиме вклученоста на О.Аеродром во средување на новиот парк на ул.Методија Шаторов Шарло. Досегашното уредеување е одлично. Меѓутоа, и покрај тоа што се работи за голема инвестиција, сепак е пропушен важен елемент а тоа е АВТОМАТИЗИРАН СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ. Во овин дел постои систем за наводнување и дополнително во зградата на Адора која е веднаш од спроти, г-дин Ванчо Чифлиганец ме има известено дека сами инвестирале и направиле Бунар со вградена и функационална пумпа која може да се користи и за наводнување на јавните површини околу. Ми спомна дека никој не ја користи истата од зградата. поради тоа, предлагам да ја разгледате информацијата и да се постави Автоматски систем за наводнување со цел да се заштити зеленилото. Наводнувањето кое го прави наутро човек со црево е застарен модел на одржување на зелени површини. Автоматските системи не се скапа инвестиции. Ве молам да се разгледа Предлогот и да се постави таков систем за наводнување. Од искуство, нашата зграда на ул. Методија Шаторов Шарло бр.11 има поставено околу цела зграда тавтоматски систем и можете да видите како изгледаат нашите зелени површини. Поздрав, С.Наковски

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

01.09.2021 во 15:34:04

Почитувании, Во престојниот период што следи се очекува да се изгради систем за наводнување во соработка со Град Скопје. Што се однесува до бунарот што го напоменавте, тој е во приватна сопственост. Ви благодариме за вашата сугестија.

Назад

 

Архива

<< Јули 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31     

Sponsored by

Developed by