27 Јули 2024 - 05:25:15

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.03.2022 во 12:20:06

Почитувани, Ви се обраќам од името на Танцово Здружение ИКС НА КВАДРАТ, Скопје. Здружението работи и твори во областа на перформативните уметности и има за цел партиципација во културно-забавни и танцови активности на ниво на целата држава, промовирање и афирмација на танцот, различните видови танци и танцовата култура кај сите граѓани, од сите општествени групи и заедници како и популаризација на танцот како култура на живеење, но и како рекреативна активност помегу граѓаните. Во изминатата година здружението имаше свој придонес преку три авторски сценски проекти кои беа изведувани низ повеќе градови на земјата и резултираа со многу позитивни реакции од публиката. Здружението има свое седиште во Општина Аеродром и со таа цел се обраќам кон вас, бидејќи ми се потребни дополнителни информации на кој начин истото може да аплицира за проекти односно настани од областа на културата и уметноста на општинско ниво и каде може да се информираме за условите кои еден таков проект треба да ги исполнува. Однапред ви благодарам за времето. Со почит, Јована Зајкова

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

15.03.2022 во 09:01:52

Почитувани, за подетални информации ве молиме да се јавите на тел бр. 2401518 во одделението за образование спорт и култура.

Назад

 

Архива

<< Јули 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31     

Sponsored by

Developed by