28 Март 2024 - 12:38:34

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

19.03.2022 во 16:50:59

Почитувани, Неколку пати поднесуваме барање за решавање на паркирањето (воведување на зонско паркирање) на ул. Симеон Каврикиров, односно зградите сепак се водат на Кузман Јосифовски Питу, нашата конкретно е бр.30. Не добивме никаков одговор. И пред мандатот на сегашниов градоначалник поднесовме барање со собрани потписи од сите три влеза од нашата зграда до општината, од каде добивме известување дека го препратиле барањето до Градски паркинг. Од таму не добивме никаков одговор иако се обраќавме неколку пати за статусот на барањето. Многу бевме револтирани кога разбравме дека воведувате зонско паркирање во Аеродром а нашата улица беше изоставена од таквото решение, иако ние веќе тоа го бараме повеќе од 2-3 години. Планираме радикализирање на активностите, односно целосно блокирање на улицата Симеон Каврикиров со пријавени протести. Но пред да го направиме тоа мислиме дека е коректно прво да побараме средба со Градоначалникот за да видиме дали планира некакво решение во брза иднина или нажалост навистина ќе мора да ја блокираме улицата со протести. Со почит, Александар Шулески претставник на граѓани од, зграда на бул. К.Ј.Питу бр.30

Статус: Одговорено
Тип на барање: барање за средба со градоначалникот

 
Одговор

21.03.2022 во 15:02:40

Почитуван, во моментов сме во преговори со ЈП Градски паркинг за зонско паркирање и би ве замолиле да ни оставите ваш тел. број за да ве исконтактираме и да закажеме средба со градоначалникот.

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by