16 Мај 2024 - 04:26:02

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

09.05.2013 во 19:59:36

Почитувани општинари,Сакам да ве прашам како вие одите на своето работно место,кај пријателите, на пазар и.т.н.? Дали летате или пешки или со возило? Јас и моите комшии не можеме да летаме ( а и ви е мислам, па не сме птици), а не можеме богами ниту со возило би дејќи треба да поминеме околу 300 метри ,,КАМЕЛ ТРОФИ,, улица, а не може ниту пешки .Ако се решиме да одиме пешки треба да засукаме пантолони да соблечеме чевли и да си земеме во едно кесе шише со вода за да си ги измиеме нозете па да ги облечеме чевлите .Кажете ми дали е тоа нормално во 21-иот век во една ,како што милувате да речете ,,метропола,, од град на само 9 км од центарот на метрополата.дали е нормално веќе две години да бидете глуви на нашите повици за помош. Дали е запознает градоначалникот дека денес една стара жена се лизна на калта и го скрши колкот???Кој ќе одговара за ова или вам не ви е грижа ? На нашите повици викате да бидеме трпеливи.Пред Н.Година ми рековте дека проектот е завршен но е распишан тендер за изведувач, а пред некој ден дека нема проект. Ве молам решете се и дајте ми одговор КОГА ЌЕ СЕ РЕШИ ПРАШАЊЕТО СО АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА БОЖИН НИКОЛОВ-СИЛНИОТ ОД БР.132 ДО 158??

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

14.05.2013 во 16:24:09

Почитувани, Предвидено е асфалтирање на овој дел од Вашиот реон и започнати се подготовки, изработка на проект.....Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by