15 Мај 2024 - 14:23:44

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

12.05.2013 во 11:47:43

Почитувани! Жител на општина Аеродром има барање за воведување ред на паркинг просторот на адреса бул. Јане Сандански бр. 12. Паркингот е лоциран позади зградата и е бесплатен. Поради деловните простории на приземје и атрактивната локација во работните денови паркингот е нападнат од автомобили кои не припаѓаат на оваа адреса. Како станари сме приморани да паркираме на паркингот кој е во внатрешноста, а е споен со горенаведениот паркинг. И овој паркинг во последно време е нападнат од Комбиња на туристички деловни субјекти, од Камиони за превоз на стоки и од автомобили кои се сервисираат на лице место. Наплатните паркинзи во целина ја средија населбата, но возачите кои имаат резервни автомобили, бидејќи овој паркинг е бесплатен ги паркираат автомобилите овде. На паркингот веќе се избледени паркинг местата и возачите кои не се од оваа локација не внимаваат дали се добро паркирани, па со едно возило завземаат две паркинг места. Со еден збор ние како станари си имаме проблем. Бидејќи живееме во преубава зелена општина и наличуваме на метропола молбата ми е следна: Првенствено ако е можно да се одбележат паркинг местата на гореспомнатата локација паркинг простор и да се дислоцираат големите товарни возила кои буквално го завземаат целиот простор на паркингот. А во иднина иако е со финансиско оптоварување за станарите, сепак едно од решението е и Зонско паркирање. Однапрет Ви благодарам и се надевам дека ќе излезете како институција во пресрет. Ви посакувам убава работа Поздрав Сашко Ѓ

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

14.05.2013 во 16:06:26

Почитувани, За Воведување на зонско паркирање потребно е претседателите на заедниците на сопственици да се обратат до ЈП Градски паркинг. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by