15 Мај 2024 - 17:40:57

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

12.05.2013 во 22:44:12

Почитувани Секојдневно се среќаваме со проблемот да го сочуваме пешачкиот влез помеѓу зградите 110 и 112 на бул.Јане Сандански од движењето на тешки и лесни моторни возила. Жардињерите се поместуваат и по завршувањето на работите истите не се враќаат во првобитната положба што ни создава потешкотии да ги вратиме и на тој начин да го заштитиме имотот (плочките)како и пешаците и децата. Бидејќи имаме непријатности со прекшителите,како и со несовесни жители а не сакаме да изиграваме "жандари" бараме од вас помош што поскоро да се реши овој проблем. За да го сочуваме овој дел на пешачката зона,еден од начините е да се постават фиксни штитници како што веке имате поставено на некои влезови или некое друго ваше решение со цел засекогаш да го обезбедиме мирот и безбедноста на овој простор. Исто така бараме ваше ангажирање во соработка со полицијата за почесто нивно присуство во овој дел за зачувување на редот и мирот. Однапред ви благодарам и се надеваме дека позитивно ке ни одговорите на нашето барање. Со почит : Претседател на ЗС на зграда бр.110 влез бр.1 А.Биковски

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови заштитни П-огради

 
Одговор

14.05.2013 во 15:57:11

Почитувани, За поставување на заштитни П-огради потребно е да се обратите написмено преку архива до Одделението за Комунални работи на Општина Аеродром. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by