19.05.2013 во 16:40:30
До Градоначалникот на општина Аеродром Скопје Б А Р А Њ Е Проблем од гласна музика од кафулиња Kабо и Авангард во трговски центар Бисер долу. Единствено барање. Да ја намалат гласната музика која се слуша наоколу до 1 км далечина и после дозволеното време. О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е Секое лето овие два мали локала со по три масички го полнат просторот пред другите локали околу нив со додатни маси и столици . Имаат гласни звучници и го реметат нашиот мир. Значи од мали локали се претвораат во големи што не го почитуваат законот. Не го почитуваат и времето до 24 часот или до 01 часот туку свират до три часот. Многу луге се жалат секое лето до Полиција Аеродром. Ке ги прекинат еднаш и толку. Наредниот ден иста песна. Почнува вашарот. Оваа година имаше стручна расправа во полиција нас.Лисиче за разни проблеми и за овој проблем но нема резултат. Доволно им е гласот да се слуша до таксистите отспротива а не ние по зградите да несмееме прозор да отвориме а некој треба во 5 наутро да стане за на работа. На моето единствено барање за да ја намалат гласната музика и во времето кога имаат дозвола, сакам брзо и ефикасно да го решите по службена должност без да го мешате мојот идентитет и интегритет. Јас сум спремен и лично да се пресметам со вакви но зошто создавање тензии и непријателства кога може само законски да се реши. Поздрав.
Статус: Решен
Тип на барање: барање за средба со градоначалникот