21.05.2013 во 19:37:40
Почитувани, Ве контактирам со предлог во новата населба Горно Лисиче АСНОМ/Февруарски поход завршува процесот на средување на околината, асфалтирани се улиците, ставен е бекатон за тротоари, но она што недостасува е зеленило. Целата населба стана некако бетонска и тоа се воочува од станарите. Замолувам, согласно плановите и можностите на општина Аерордом, се направат напори и се посадат дрвца или нискостеблесто зеленило на повеќе места помеѓу и околу зградите. Ова ќе и даде нов лик на населбата и општина Аеродром ќе се потврди како општина која инвестира и создава зелени површини. бидејќи процесот на уредување сеуште е во тек, сметам дека општината може да допринесе во овој правец. Тоа ќе биде многу поздравено од сите ние нас-нвите жители на населбата! со почит,
Статус: Решен
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило