22.05.2013 во 19:48:28
Почитувани, може ли да отворите уште некој термин за играње тенис на терените покрај кејот на реката Вардар? Минатата година имаше 2 дневни термина и 1 вечерен. Сега гледам дека сте ги смениле термините. Зошто да нема термин и од 9 до 10 и од 10 до 11 часот? Од 8 е премногу рано за да ги носам децата а навечер секако не е за деца. Па нели овие терени се правени со наши пари? Сум ги видел другите терени низ Македонија. И секаде нема ограничување кога да се игра. Се плаќа 100 ден. и играш кога сакаш. И овде треба да се воведе 100 ден. на час и да можат граѓаните да играат преку цела недела.
Статус: Решен
Тип на барање: Детски и спортски игралишта (кошарка, ракомет, мал фудбал)