Одговор
07.06.2013 во 10:56:18
Почитувани граѓани
Ве известуваме дека законскиот рок од една година за определување на управител или регистрирање на заедница на сопственици согласно Законот за домување е истечен.
Заради тоа потребно е да се одреди управител или да се регистрира заедница на сопственици во најкус можен рок.
Согласно член 134 став 3 и член 148 од Законот за домување ( Сл. весник на РМ бр.99/09, бр.57/10, бр.36/11, бр.54/11, бр.13/12 и бр.55/13 ).
“Доколку сопствениците на посебните делови не определат управител или не регистрираат заедница на сопственици во рок од една година од денот на влегување на сила на овој закон, управителот го определува судот за вонпарнична постапка на предлог на кој било од сопствениците на посебни делови, избран од регистарот на управители на станбени згради. Сите трошоците кои ќе настанат во вонпарничната судска постапка ќе ги сносат сопствениците на посебните делови од зградите“
За подетални информации во врска со спроведувањето на законските и подзаконските одредби од Законот за домување може да се обратите во Општина Аеродром на контакт телефонот: 02/2400-970 или 02/2400-526.
Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.
Назад