02 Мај 2024 - 07:09:31

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

18.06.2013 во 12:23:54

Почитувани бараме од Вас да се организирате и да воведете ред во одржувањето на паркот и зеленилото пред Блаже Коневски (каде што се прават мичуринските средби). Имате чуварска служба 24 часа водата од фонтаните не се користи рационално, да се искористи за наводнување да не тече така неповратно. Посебно во западниот дел , фонтаната за пиење вода да се користи и за полевање на зеленилото и перење на песокот во кој си играат најмалите. На ова игралиште си играат да не претерам попладне преку сто деца и е запоседнат od стари лица целиот парк, бегаат од горештините и овде под дрвјата им е попријатно. Но прашина во песокот предизвикува воспаление на очите на малите деца.Од горештини тревата се исуши и се е прашина под дрвјата. Ве молам секој ден сум таму со две деца, превземете мерки под хитно. Минатата година се залеваше само источниот дел од паркот западниот беше катастрофа, а така е и годинава. Од улицата пред школото се изгледа средено но не така. Потребно е црево од 50м и една чешма на долниот дел од фонтаната и паркот самите посетители ќе го полеваат и ќе биде прекрасен. Уште еднаш Ве молам да реагирате веднаш.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

26.06.2013 во 16:22:05

Почитувани, Вашето барање е препратено до Одделението за комунални работи на општина Аеродром.Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by