02 Мај 2024 - 07:36:48

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.06.2013 во 11:23:57

Ви пишувам во врска со сериозен инцидент кој се случи во понеделникот вечер во паркот до градинката Срничка, објект Лале. Поради негрижа на службите, суво дрво кое таму стои повеќе од пола година, при пад ја повреди мојата сопруга (која е 6 месец бремена), и ги доведе во опасност децата кои играа на неколку метри од падот на дрвото (на возраст од 4-6 години)!. Да, ние ја поминавме вечерта во Ургентен центар, со дијагноза потрес на мозок, гребаници, набиеници и сл. Значи, додека вие се фалите со акциите низ општината, ние за малку избегнавме трагедија!! Инаку, во паркот има во моментов уште 5-6 суви дрва, кој секој момент може да повредат некого! Секако, нема да остане на текстов, кој ви го пишувам во Инбокс (без намера да ја оцрнувам јавно општината), туку ќе ги превземеме сите правни мерки за расчистување на случајот. Барам под итно да ми одговорите кој е надлежен/одговорен за сечење на старите дрва во општина аеродром, бидејќи и претходно сум пријавувал проблеми но НИКОГАШ не сум видел реакција од ваша страна на терен. Доколку не ми одговорите, само ќе ги потврдите моите сомнежи дека немата интерес и капацитети да се грижите за општината и жителите, и ќе ми дадете основа да добие на публицитет случајот.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

20.06.2013 во 16:13:55

Почитувани, За сечење на сувите и стари дрва потребно е да поднесе барање до Град Скопје-Одделение за Комунална Инспекција, која ќе донесе Решение за отстранување на дрвото. ЈП Паркови и зеленило има служба која располага со соодветна механизација и кадар за отстранување на дрвата. По донесување на Решението службите го отстрануваат дрвото. Инаку кога имаат акции ЈП Паркови и зеленило во соработка со Сезонските работници од Општината, по увид на инженерите се врши отстранување на дрвата.Нашите служби веќе ги информираа вработените од ЈП Паркови и зеленило за настанатата ситуација , со цел да превземат соодветни мерки. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by